Во ковид-центрите низ земјава се лекуваат 825 пациенти

од Берта Китинска

Министерството за здравство информира во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците во земјава се лекуваат вкупно 825 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Од нив 500 во внатрешноста, а 325 се лекуваат во главниот град.

Вкупно 17 пациенти позитивни на ковид-19 се хоспитализирани во ковид-центрите во главниот град за едно деноноќие.Во моментов, во Скопје вкупно 343 лица кои се сомнителни и потврдени на ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели.

Во последното деноноќие на интерните клиники имало еден прием. Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало исто така еден примен пациент и 13 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени двајца пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени тројца оздравени пациенти.

„Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 29 пациенти, на Клиниката за неврологија 37 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 54 пациент со симптоми на коронавирусот“,информираат од Министерството за здравство.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 80 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 111 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 26 пациенти. На ГАК има шест хоспитализирани ковид-позитивни пациентки.

Вкупно 343 пациенти потврдени и сомнителни на ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

„Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 30 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Отворена е и модуларната болница во склоп на Инфективната клиника со дополнителен број кревети“, велат од Министерството за здравство.

Слични содржини