Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 43 пациенти

од Andreja Salpe

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 43 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 435 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 13 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 14 примени пациенти и 9 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примен еден болен, a на Клиниката за Детски болести имало 6 приеми. На Институтот за физикална медицина  немало примени пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 50 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 150 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 128 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 124 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 13 пациенти. На Клиниката за детски болести има 2 деца позитивни на ковид 19 вирусот и 2 мајки, а на ГАК има 3 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и  рехабилитација има 13 болни.

Вкупно 435 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 311 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Слични содржини