Збирка со 37 дела на великаните на македонската современа уметност од синоќа се изложени во уметничката галерија на Градски музеј Крива Паланка. 

 бои

Колекцијата е сопственост на националната установа Музеј – Куманово кои првпат по долг временски период се изложени пред пошироката јавност. Изложени се дела на Никола Мартиновски, Ана Темкова, Томислав Крмов, Трајче Јанчески, Теофил Шулајкоски, Драгутин Аврамовски, Димитар Малиданов, Пецо Видимче,  Глигор Чемерски, Симон Шемов, Ристо Калчевски и Нове Франговски.  Изложбата, според директорот на Градски музеј Крива Паланка Драган Величковски, е  дел од програмата на „Паланечко културно лето 2015“ и е резултат на успешната соработка со НУ Музеј Куманово. 

– Ова е една ретка можност ние како установа да бидеме домаќини на изложба со дела од национален интерес. Граѓаните на Крива Паланка но и сите туристи кои периодов се бројни во градот ќе имаат можност да ги погледнат делата на великаните на македонската уметност, изјави Величковски. 

Директорката на НУ Музеј-Куманово, Анита Цветановска информира дека изложбата е проект од редовната годишна програма од национален интерес поддржан од Министерството з акултура на република Македонија. 

– Станува збор за 37 дела од депото на уметничката галерија Куманово, непроценлива збирка на великаните на македонската современа уметност. Особена чест ми е што е дел од манифестацијата „Паланечко културно  лето“ и што ја продолжуваме соработката со кривопаланечкиот музеј, изјави Цветановска. 

Драгана Спасковска, кустос, историчар на уметност од НУ Музеј – Куманово појасни дека станува збор за антологиска колекција создавана во тек на 5 децении постоење на Музеј – Куманово.

– Содржи автори значајни за современото макеоднско национално и културно битисување кое ги надминува локалните рамки. Изложбата прикажува автори од замите почетоци на ликовната усметност, поаѓајќи од предвоената генерација автори, преку првата и втора генерација повоени автори се до средината на осумдесетите години на дваесеттиот век, Иако делата не ги прикажуваат авторите во нивната јазреза творечка фаза, ги рефлектираат уметничките корени кои с етемел кој го трасирал патот на идниет генерации ликовни уметници до денес, рече Спасковска.  

Според Ѓорѓи Костовски, историчар на уметност од Градски Музеј Крива Паланк,  куриозитет за паланчани и љубителите на уметност од регионот е да се видат делата на овие познати уметници кои даваат ново светло за некои нови уметнички проблесоци. 

Делата ќе бидат изложени во следните 20 дена, а ЛУ Градски музеј Крива Паланка во претстојниот период ќе организира изложбите на дела од Националата уметничка галерија и самостојната изложба на Димитар Стојчевски.

Слични содржини