Во летно одморалиште во Бугарија откриена фарма за марихуана

од Stefanija Kuzmanovska

Бугарската полиција откри фарма за канабис во хотелска соба на познато одморалиште на брегот на Црното Море во одморалиштето Бургас.

Во собата била пронајдена специјална опрема, а за сè се грижил четириесет и седумгодишен маж од соседниот град Несебар, како што соопшти полицијата.

За време на рацијата, полицијата открила рачно изработени филтри прилагодени на големината на просторијата што го неутрализира мирисот на растенијата, единаесет грејни ламби со алуминиумски рефлектори кои симулираат сончева светлина, специјален систем за вентилација, уред за мерење на температура и влажност, електрични адаптери и пет контејнери со различна големина полни со ѓубриво.

Запленети се повеќе од 100 растенија марихуана засадени во саксии, пренесува БТА.

Лицето кое се грижело за растенијата било приведено, а во врска со тој случај била поведена постапка.

Слични содржини