Во Липково регистрирани 43 позитивни на Ковид-19

од Aleksandar Petrovski

Во општина Липково има регистрирано 43 позитивни случаи со Ковид-19 во последните 48 часа, објавува Алсат.

Вкупниот број на активни случаи во оваа општина е 58, додека досега заболени се 157.

Најмногу заразени има во Слупчане, Матејче, Никуштак и Липково. Досега има 6 жртви, од кои последната е 52-годишен маж од селото Никуштак.

Слични содржини