Во Лугано потпишани договори за помош од 1,9 милијарди долари за Украина

од Stefanija Kuzmanovska

На меѓународната конференција посветена на обновата на Украина што се одржа во швајцарскиот град Лугано, беа потпишани договори за користење на помош во вредност од 1,9 милијарди долари, изјави синоќа украинскиот премиер Денис Шмигал.

„Речиси 1,9 милијарди долари. Толку е вредноста на договорот за поддршка на Украина постигнат во Лугано“, објави Шмигал на својот канал на Телеграм и прецизира дека 600 милиони долари се наменети за фискална поддршка и 500 милиони долари за развој на земјоделството, пренесува ТАСС.

Украина на конференцијата во Лугано презентираше и сеопфатен план за обнова на земјата вреден 750 милијарди долари, а премиерот на таа земја оцени дека тоа не е премногу со оглед на обемот на работа.

Слични содржини