Во мај исплата на 2100 денари од „МојДДВ“: Треба да ја превземете новата верзија на апликацијата

од Nikola Popovski

Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира корисниците на апликацијата МојДДВ, дека е извршено нејзино прилагодување согласно измените и дополнувањето на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност за физички лица објавен во „Службен весник на РСМ“, бр.65/2023 на 23.03.2023 година.

Ова значи дека сите корисници на МојДДВ, ќе треба да ја превземат новата верзија на апликацијата од „Playstore“, „Appstore“ и „Huawei appgallery“. Измените веќе се видливи во апликацијата МојДДВ во верзијата 2.1.6. Исплатите со зголемен максимален износ од 2100 денари по корисник за скенираните фискални сметки во првото тримесечје од годинава ќе се реализираат во мај.

Мерката „МојДДВ“ започна да се применува од 1 јули 2019 година. Од почетокот на мерката МојДДВ, до денеска, на сметките на граѓаните преку оваа мерка легнале околу 6 милијарди денари. Како што соопштија од УЈП, во моментов оваа мерка ја користат 523.673 граѓани и бројот на корисници секојдневно расте, а мерката дава позитивни резултати и кога станува збор за издавањето на фискални сметки од страна на компаниите.

Претходно пратениците дадоа зелено светло за измените и дополнувањето на Законот за враќање на дел од ДДВ-то на физичките лица.

Слични содржини