Во Мексико на две лица им е дозволена употреба на кокаин во рекреативни цели

од desk2

Суд во Мексико дозволи право на рекреативна употреба на кокаин на две лица, што е прв таков случај во таа држава.

Како што соопшти организацијата „Мексико обединето против злосторствата“, судот им дозволил да поседуваат, да носат и користат кокаин, но не и да продаваат.

Организацијата која се бори за завршување на „војната против дрогата“ во Мексико, пресудата ја оцени како „историски чекор“.

Одлуката мора да биде потврдена од повисок суд пред да стапи во сила. Доколку биде одобрена, одлуката ќе се однесува само на тие две лица, чиј идентитет не е откриен.

Судската одлука не е преседан и не ги укинува постоечките закони за забрана за поседување кокаин во Мексико.

Врховниот суд на Мексико веќе има дозволено „рекреативно користење марихуана“ во поединечни случаи.

Слични содржини