137
Помалку необичните силуети на овие чевли е нешто што дефинитивно е во тренд оваа сезона.Тие се удобни и практични, но и се чини дека се прав избор за есенва и за првите студени денови.
Кога станува збор за чевлите најнов тренд се „хути„ моделот, кој има необично име, но во суштина тоа се модели кои имаат полна пета и личат на кратки чизми.
Оваа модна кованица,hootie, ги спојува зборовите heel (петa) и bootie (кратки чизми), а овие модели веќе се појавија во есенските колекции на најпознатите светски дизајнери.
Благодарение на повисоката пета ја издолжува фигурата и бара правилно држење, а за разлика од класичните модели тие повеќе го прекриваат стопалото и одржуваат пријатна топлина.