Во моментов нема активни пожари, информираат од ЦУК

од Nikola Popovski

Центарот за управување со кризи (ЦУК) вечерва соопшти дека во моментов повеќе нема активни пожари. Како дополнителна информација, од ЦУК појаснуваат дека во текот на денот биле изгасени шест пожари:

„Пожарот кој започна влера во попладневните часови во Охрид поточно помеѓу селата Вапила и Расино до 14.50 целосно ликвидиран. Пожар од 12.30 чассот – Табановце мв Костурник– сува трева и багремов појас 1 ПП возило и 2 пожарникари – ликвидиран во 16.45 часот. Пожар од 14.12 часот – Прилеп Општина Долнени с.Дебреште Сува трева 1 ПП возило и 6 пожарникари – ликвидиран во 16.45 часот. Пожар – Струмица С. Фурка борова шума и ниско деградирана шума 1 ПП возило и 3 пожарникари и 2 вработени во ЈП НШ подружница Кожув 07.08.2022 09.30 часот ликвидиран на 09.08.2022 во18.00 часот. Скопје -Студеничани с.Пагаруша од 12.40 до 13.45 сува трева 1 ПП возило и 3 пожарникари. Скопје – Ѓорче Петров с. Орман од 15.40 до 16.45 сува трева 1 ПП возило и 3 пожарникари“, стои во соопштението од ЦУК.

Претходно директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов обелодени дека надлежните добро се справуваат со пожарите и покрај тоа што државата нема доволно ресурси.

„Во месец август досега се регистрирани 88 пожари, а само во текот нa вчерашниот ден регистрирани се 18 пожари за кои за повеќе од полoвина постоеше опасност да прераснат во сериозни пожари. Бројката е навистина голема ова воопшто не е шега, но благодарение на брзата интервенција и раната дојава, овие пожари безмалку беа совладани во првата фаза и не дозволивме да се разгорат во големи шумски пожари. Некои од нив беа релативно несериозни како ѓубришта, депонии каде можевме да воспоставиме релативна контрола, но поголем број од овие пожари беа сериозна закана, за жал и оваа година вегетацијата е доволно сува за да поддржи силно горење и развивање на силни пожари, овие слаби врнежи деновиве не се доволни за да ја олеснат ситуацијата“, изјави Ангелов на прес-конференција.

Слични содржини