Во Москва уапсени 20 новинари за поддршка на нивниот колега Сафронов

од Stefanija Kuzmanovska

Московската полиција денеска уапси 20 новинари кои протестираа против апсењето и затворањето на поранешниот колега Иван Сафронов под обвинение за предавство.

Полицијата брзо ги опколи новинарите кои се обиделе да демонстрираат пред истражниот центар за притвор во Лефортово, каде е Иван Сафронов од неговото апсење минатиот вторник, објави АП.

Руското обвинителство го обвини советникот на шефот на руската вселенска агенција Роскосмос и поранешниот новинар на „Комерсант“ и „Ведомости“, Иван Сафронов, за предавство.

Како што изјави за ТАСС бранителот на Сафронов, Иван Павлов, неговиот клиент е обвинет за предавство според член 275 од Кривичниот законик на Русија.

„Тој се изјасни за невин“, рече адвокатот.

Сафронов беше уапсен минатата недела и обвинет за предавање воени тајни во чешката разузнавачка агенција во 2017 година, што тој го негира.

Ако биде осуден, на Сафронов му претстои затворска казна до 20 години.

Слични содржини