Во наредните 10 години ќе бидат потрошени околу 700 милиони евра за модернизација на војската по НАТО стандарди

од Vladimir Zorba

Околу 700 милиони евра во наредните 10 години ќе бидат потрошени за модернизација на војската по НАТО стандарди, посочи вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска на брифинг со новинарите.

Таа кажа дека во договор со владата на САД се набавуваат лесни оклопни возила и оклопни транспортери, а до 2024 година треба да се набават и повеќенаменски хеликоптери.

Министерката истакна дека во НАТО структурите ќе има 20 македонски претставници и дека во фокусот на Северна Македонија се мисиите во Авганистан и Ирак.

Според Шекеринска, постизборно ќе се расходува и старата опрема која во моментов ги полни магацините.

А.Т.

Слични содржини