Советот на ЕУ ја чека одлуката на Бугарија, 26 земји-членки ја имаат донесено одлуката во однос на започнувањето преговори. Сите чекаме дали Бугарија ќе го крене ветото, и за тоа продолжува нашата комуникација. Очекуваме наредните денови да има одредени конкретни чекори во смисла на размена на предлози, чекаме средба од експертите од двете министерства за надворешни работи да се состанат и тие ставови да ги зближат уште повеќе со можности да се најдат решенија, а потоа влегува ЕУ со предлозите на претседателството и со тоа да се комплетира целиот пакет, изјави денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи за тоа дали има реални шанси за решение до крајот на годината.

„Мислам дека никој во државата не сака да се впери прст кон државата како причина за нерешавање на одредени прашања или, пак, незапочнување на преговорите со Европската Унија, бидејќи не бевме досега така. И покрај тоа што бевме предизвикани на сите можни начини, и внатре, и надвор, не дозволивме државата да биде дел од проблемот, туку да биде проактивната страна која се обидува да најде решение“, истакна Османи кој дополни дека смета дека во овој период Владата треба да продолжи како што е, се разбира, како што рече, „со зајакнување на нејзините капацитети и поддршка во Собранието“.

Слични содржини