Вo недела ќе бидат ставени потписи на договорот за иметo

од desk4

  Шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас вo недела во регионот на Преспа на грчка страна ќе го потпишан конечниот договор за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратешко партнерство меѓу двете земји, соопшти денеска Владата. 

На потпишувањето на договорот ќе присуствуваат и премиерите на двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Настанот, како што информираат Владата е поделен на два дела, потпишувањето ќе се изврши на грчка страна, а потоа на македонска страна е превидена официјална средба на премиерите Заев и Ципрас и заеднички ручек.

Точните локации и времето на реализација на активностите предвидени во рамки на овој настан дополнително ќе бидат објавени.

На почетокот на следната недела, како што информираат од Владата, на владина седница треба да се усвои законот за ратификација на договорот, по што треба да биде испратен во Собранието.

Со договорот, кој вчера беше декласифициран на владина седница, официјалното име за севкупна употреба ќе биде Република Северна Македонија или скратено – Северна Македонија, а ќе стапи во сила, откако ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент.

Во однос на јазикот, предвидено е – македонски јазик и во ОН останува да пишува – македонски јазик – без каква било фуснота со дообјаснување.

Во врска со државјанството односно националноста, во договорот е утврдено – македонско/граѓанин на Република Северна Македонија.

Основата на договорот е тоа што во него на пријателски начин и прецизно е утврдено како Грција го толкува поимот „Македонија“ и „Македонски“ и тоа, како ние за нас го толкуваме поимот Македонија и Македонски, се вели во документот.

Со членот 7 од договорот се прави јасна дистинкција дека поимот Македонија и Македонски во Грција го означува Хеленскиот дел од историјата.

Во договорот е утврдено дека Македонија и македонски во наш контекст ги отсликува нашата територија, нашиот јазик, народ со сите атрибути, историја, култура и наследство – различни од оние во Грција.

Химната, грбот и знамето не се менуваат.

Слични содржини