Во недела скопјани ќе ги казнат лошите политики, вели Арсовска

од Vladimir Zorba

„Брутално срамно е да излезе некој кој што украде толку многу пари од касата на скопјани, кој што на средина на изборна кампања 32 000 евра потроши на кафеана, да вмешува семејство во изборен процес. Бедно и срамно е некој кој што употребува милиони, да се дрзнува да вплеткува нечие семејство“ – вака го започна одговорот на денешната прес конференција, кандидатката за гардоначалник на Скопје, Данела Арсовска, на новинарското прашање поврзано со непотизмот во градските институции.

Арсовска истакна дека верува дека лошите политики што ги води актуелната власт, ќе бидат казнети во недела од страна на скопјани, на гласањето за вториот изборен круг.

„Јас како личност кажав дека немам ниту една дамка во целиот свој живот и затоа знаејќи со какви луѓе ќе се соочам од другата страна, влегов во оваа трка, каде што не можат да најдат ништо кое што би можело да ме оштети ниту лично, ниту професионално, а тие слободно може да се бават со лагите и манипулациите. Им остануваат уште неколку дена“ – дополни Арсовска.

За крај, изразни благодарност до скопјани кои што и ја дале својата поддршка за да се избори со недостатоците со кои што во моментов се соочува Скопје, затоа што, како што кажа, воден е од недостоен градоначалник и недостоен тим.

„Повторно ќе кажам, овој градоначалник и луѓето што се околу него не се достојни да го водат овој град, затоа што прво не се достојни како луѓе, затоа што напаѓаат лично, затоа што конструираат лаги и јас верувам дека во недела сите скопјани тоа ќе знаат да го казнат“ – заклучи Арсовска.

Слични содржини