Во ноември издадени 406 одобренија, ќе се градат 1284 станови

од Nikola Popovski

Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2021 година се издадени 406 одобренија за
градење, што е за 95.2 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 9 580 435 илјади денари,
што е за 398.5 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

-Зголемената предвидена вредност се должи на фактот дека во наведениот период е издадено одобрение за градење
на објект од нискоградбата со поголема вредност, поточно ветерна електрана во Југоисточниот регион.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 248 (61.1 %) се наменети за објекти од високоградба, 43 (10.6 %)
за објекти од нискоградба и 115 (28.3 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 406 објекти, на 235 (57.9 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 171 (42.1 %) објект инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 1 284 станови, со вкупна корисна површина од 100 799 м2, стои во соопштението од ДЗС.

Слични содржини