Во Нова Градишка откриен споменик на Тоше Проески (ФОТО)

од Nikola Popovski

Во Нова Градишка денеска беше откриен споменик на легендарниот Тошe Проески. На свеченото откривање на споменикот на скулпторот Славко Буниќ, присуствуваа Милаим Фетаи, амбасадорот на Северна Македонија, градоначалникот на Нова Градишка, Винко Гргиќ и градоначалникот на Крушево, Томе Христовски.

Самата идеја и одлука да се направи камена статуа на Тошо Проески, која е дел од убовта и почитта кон него и целиот македонски народ, потекна од компанијата Техникс и нејзиниот претседател Ѓуро Хорват.

-Неговата несреќа бескрајно ги растажи Хрватите, особено што се случи во близина на градот Загреб, односно на автопатот кај градот Нова Градишка.

Водечка мисла беше дека камената фигура на Тоша потсетува на времето кога заедно се радувавме и уживавме во песните кои се вечни и на кои сите се сеќаваме на неговите зборови:

„Љубовта, толеранцијата и живеењето на нашите животи како да живееме милион години, тоа нè прави луѓе“, пишува хрватски „Вечерњи лист“.

Фото: Edina Zuko/Pixsell

Слични содржини