Во Њујорк бројот на жртвите е 779, но ситуацијата се стабилизира

од Vladimir Zorba

Државата Њујорк забележа нов рекорден број смртни случаи на коронавирус во последните 24 часа кога починаа 779 луѓе, но прогресијата на пандемијата се стабилизира, изјави денес гувернерот Ендру Куомо.

„Мерките за ограничување на движењето и суспендирање на активности што не се потребни, дадоа резултати“, рече гувернерот. Кривата на раст на новите хоспитализации паѓа, објасни тој на прес-конференција.

Околу 586 лица се хоспитализирани во последните 24 часа, сличен број на претходните три дена, но значително пониски од оние забележани во државата помеѓу 25 март и 3 април, со повеќе од 1.000 хоспитализации на ден, освен на 27 март.

Повеќе од 400.000 луѓе се заразени во Соединетите држави откако пандемијата ја зафати земјата и предизвика смрт на повеќе од 13.000 луѓе.

Речиси 2.000 луѓе (1939) починале од коронавирусот во Соединетите држави меѓу понеделник и вторник, најлоши податоци за број на жртви во една земја во светот од почетокот на кризата.

Како и гувернерот, градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио ги предупреди њујорчаните да продолжат да ги следат препорачаните мерки.

Слични содржини