Во Њујорк има 20 жаришта на корона, бројот на заразени расте

од Vladimir Zorba

Во државата Њујорк во четвртокот е регистриран зголемен број на позитивни тестови за коронавирус во 20 „жаришта“.

Зголемувањето на бројот на пациенти е забележано и во државите на Средниот запад, предводени од Висконсин, каде претседателот Доналд Трамп ќе одржи митинзи за време на викендот.

Бројот на нови случаи на Ковид-19 се зголеми во 27 од 50 држави во САД во септември, со пораст од 11 проценти во Висконсин, кој исто така се соочува со загрижувачко зголемување на бројот на пациенти со потешки симптоми, што може да доведе до преоптоварување во болницата.

„Капацитетот на нашата амбуланта беше полн неколку пати минатата недела, поради што пациентите мораа да лежат на кревети во ходниците. Во текот на изминатата недела немаше слободни кревети ниту на интензивна нега“, велат од компанијата „Belin health“, која управува со болницата во градот Грин Беј.

Д-р Рајан Вестергард, главниот медицински службеник на Секретаријатот за здравство на Висконсин, рече дека инфекцијата започнала да се шири првично кај младите, а потоа и во целата заедница, пренесува Ројтерс.

Во Њујорк, кој беше тешко погоден од пандемија на почетокот на оваа година, официјалните лица изјавија дека се загрижени за ширењето на инфекцијата во 20 области низ целата земја, каде просечната стапка на позитивни тестови се искачи на 6,5 проценти, од 5,5 ден порано.

Гувернерот Ендру Куомо ги повика граѓаните да ја преземат новата мобилна апликација за доброволно следење на контактите со заразените. Апликацијата ги предупредува корисниците ако неодамна биле блиски со некој кој подоцна бил позитивен на коронавирус.

Гувернерот на Њујорк апелираше до локалните власти да обезбедат спроведување на мерките и рече дека оние кои не носат маски треба да бидат казнети.

Во Висконсин, здравствените власти ги повикуваат жителите да не излегуваат и да избегнуваат големи собири, додека Трамп се подготвува да одржи два митинга во таа сојузна држава.

Според анализата на „Ројтерс“, бројот на случаи, хоспитализации, позитивни тестови и жртви расте во Висконсин.

Минатата недела, 19 проценти од тестовите на Ковид-19 беа позитивни, а тој процент растеше пет недели по ред, откако на крајот на август беше осум проценти.

Хоспитализирани се 683 пациенти, најмногу од избувнувањето на пандемијата.

Бројот на пациенти се зголемил за 3.000 во четвртокот, што е најголемо дневно зголемување, додека 21 лице починало.

Слични содржини