Во Њујорк се доделува Пулицеровата награда

од Vladimir Zorba

Имињата на добитниците на Пулицеровата награда во категориите новинарство и уметност ќе бидат објавено денеска попладне, на Универзитетот Колумбија во Њујорк.


Пулицеровата награда ќе биде доделена за најголем придонес во новинарството во 2017 година во весниците, списанијата и сајтовите.
Наградата се доделува во 14 категории, од најдобро известување преку фотографија и критика, до коментар.
Во категоријата уметност, наградата се доделува во седум категории, вклучувајќи драма, фикција и музика.
Првпат наградата, во категоријата новинарство, е доделена во 1917 година.
Наградата ја воспостави Џозеф Пулицер, унгарско-американски новинар и издавач, кој по смртта 1911 година сиот свој имот го остави на Универзитетот Колумбија.

Слични содржини