Во оваа европска земја, работната недела од 4 дена стана „премногу успешна“. Каков е исходот?

од Vladimir Zorba

Дури и пред пандемијата, низ целиот свет се зборуваше за обид да се воведе четиридневна работна недела, иако не е доволна. Сепак, дури и денес, не сите земји се подготвени да го направат тој радикален потег, иако се покажа дека може да функционира работата од далечина, односно хибриден режим на работа – за што сите се сомневаа пред кризата.

Сепак, Би-Би-Си пишува дека обидите за четиридневна работна недела во Исланд биле „премногу успешни“ и довеле до тоа работниците да преминат на пократко работно време, покажува истражувањето. Студијата, спроведена помеѓу 2015 и 2019 година, вклучува работници на кои им се плаќа исто, иако тие работеле помалку.

Продуктивноста останала иста или дури и подобрена на повеќето работни места, велат истражувачите. Низа други испитувања сега се спроведуваат низ целиот свет. На Исланд, ваквите истражувања, спроведени од Градскиот совет на Рејкјавик и националната влада, на крајот вклучија повеќе од 2.500 работници, што сочинува околу 1% од работоспособното население во земјата.

Многу од нив се префрлија од 40-часовна недела во недела од 35 или 36 работни часови, велат истражувачите. Анкетите ги наведоа синдикатите да преговараат за работните обрасци, а сега 86% од работната сила на Исланд или се префрли на работа со скратено работно време за иста плата, или ќе се стекне со право на тоа, се вели во анкетите.

Работниците пријавиле дека се чувствуваат помалку под стрес и дека имаат помал ризик од исцрпеност и рекле дека се подобрило нивното здравје и рамнотежата помеѓу приватниот живот и работата.

Слични содржини