Во овие 10 земји луѓето најмногу се сексаат: Еве која соседна земја го зазема првото место

од Aleksandar Petrovski

Иако сексот е совршено нормален дел од врската, луѓето во некои земји сепак се поактивни во кревет од другите. Според Slice.ca, во некои земји паровите имаат секс еднаш неделно, а во други 12 пати месечно. На 10-то место, воедно и последно место, се најде Мексико. Таму, 71 отсто од возрасните имаат секс еднаш неделно, барем.

Малку поактивни од нив се Шпанците, поточно за 1 процент повеќе. Шпанија е романтична земја, а луѓето таму се многу страсни и темпераментни по природа, така што оваа бројка не е изненадувачка. На 8-то место е Швајцарија – три четвртини од населението има здрав сексуален живот, а процентот е ист како и во Шпанија – 72 проценти од луѓето имаат секс најмалку еднаш неделно.

Во Малезија 74 отсто од возрасните водат љубов барем еднаш неделно, а покрај тоа што имаат одличен сексуален живот, оваа мултикултурна земја е одлична за работа и живот. 6-то место го зазедоа Полјаците, со бројка од 76 проценти, а потоа следат Италијанците, кои исто како и Шпанците, се многу романтични и страствени. Покрај добра храна, музика и убава глетка, повеќето од нив имаат активен сексуален живот. Кина има малку подобра бројка, каде 78 проценти од возрасните имаат секс барем еднаш неделно.

Третото место и припадна на Русија со 80 проценти и на второто е Бразил со 82 проценти од сексуално активни луѓе на неделна основа. Покрај убавите плажи, најдобрите забави, водењето љубов е многу честа таму.

Грција го зазеде првото место со процент од 87 проценти! Иако е мала земја, таа води во бројот на сексуални односи меѓу паровите.

Слични содржини