Во овие два македонски града нема ниту едeн заразен со Ковид-19

од Берта Китинска

Тројца пациенти починаа вчера од вирусот Ковид-19, со што вкупниот број на починати од оваа болест достигна 500. Ковид-19 е најризичен за постарите лица, односно предизвикува поголема смртност кај лица на возраст над 60 години и кај лица со основни медицински состојби, како што се кардиоваскуларни заболувања, хронична респираторна болест, дијабетес и карцином.

Повторно се апелира за почитување на мерките за заштита – носење маска, одржување дистанца и зачестена хигиена на рацете.

Тројцата пациенти кои починаа се од Битола (на 73 години), еден од Демир Хисар на 73-годишна возраст и еден од Скопје на 44 години. Сите пациенти се починати во болнички услови.

Инситутот за јавно здравје вчера регистрира 74 нови случаи со Ковид-19: во Гостивар-22, Скопје-14, Штип-13, Куманово-осум, Виница-четири, Кавадарци, Берово и Свети Николе по три, Кичево-два, Струга и Кочани по еден. Во текот на вчерашниот ден регистрирани се и 90 оздравени пациенти од: Скопје-23, Тетово-17, Свети Николе-17, Штип-11, Гостивар-девет, Радовиш-пет, Кавадарци-три, Куманово, Дебар, Велес, Охрид и Кочани по еден.Пехчево и Валандово се единствените два града во кои нема ниту еден активен случај.
Вкупната бројка на КОВИД дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 11.128, бројката на оздравени пациенти е 6.972, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.656.

• Скопје 4915, активни 1363
• Куманово 1091, активни 269
• Дебар 206, активни 117
• Штип 872, активни 430
• Прилеп 333, активни 53
• Тетово 1057, активни 220
• Струга 457, активни 203
• Велес 225, активни 21
• Битола 143, активни 63
• Охрид 276, активни 87
• Кавадарци 73, активни 53
• Гостивар 487, активни 282
• Гевгелија 23, активни 12 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
• Струмица 37, активни 21
• Крива Паланка 25, активни 11
• Радовиш 29, активни 16
• Крушево 16, активни 9
• Кочани 105, активни 24
• Пробиштип 53, активни 19
• Демир Хисар 34, активни 27
• Македонски Брод 35, активни 30
• Пехчево 6, активни 0
• Берово 8, активни 4
• Валандово 6, активни 0
• Виница 22, активни 18
• Делчево 5, активни 4 (4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 14, активни 8
• Свети Николе 227, активни 151
• Кичево 175, активни 108
• Ресен 146, активни 26
• Неготино 27, активни 7 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Во Скопје има најмногу активни случаи на Ковид-19 – 1.363, во Штип – 430, Гостивар – 282, Куманово – 269, Тетово – 220, Струга – 203, Свети Николе – 151, Дебар – 117, Кичево – 108.

Скопските општини Чаир и Аеродром се со најмогу активни случаи, следат Кисела Вода, Гази Баба, Карпош, Центар, Шуто Оризари. Во Чаир има 168 активни, Аеродром – 156, Кисела Вода – 148, Гази Баба – 137, Карпош – 118, Центар – 116, Шуто Оризари – 115.

На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 92 пациенти од кои на кислородна поддршка се 48 пациенти, а еден е на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и три деца позитивни, како и седум пациенти суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ вкупно хоспитализирани се 95 пациенти од кои на респираторна машина се четири пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 26, а во болницата во Штип се хоспитализирани 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 114 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Досега во земјата се направени вкупно 106.047 тестирања на Ковид -19.
Министерот за здравство Венко Филипче вчера соопшти дека досега се обезбедени 61 единица конвалесцентна плазма за третман на пациенти со Ковид-19. Крвна плазма, посочи тој, може да дарува лице кое оздравело од коронавирус.

– Ајде да бидеме хумани и да им помогнеме на пациентите кои сѐ уште се борат со овој непредвидлив вирус. Да ја покажеме нашата грижа, да даруваме и да спасиме човечки живот. Апелирам на солидарност, затоа што нема ништо поважно од нашето здравје и здравјето на нашите најблиски, напиша вчера Филипче на ФБ.

Слични содржини