Актуелно
Почетна / TOP NEWS / Во овие турбулентни периоди најпрепорачливо е да се инвестира во злато

Во овие турбулентни периоди најпрепорачливо е да се инвестира во злато

Златото и понатаму е безбедна опција за инвеститорите, гледајќи на долг рок, смета претседателот на златарската комора на Истанбул, Мустафа Атајик, пренесува Daily Sabah.

Според него, во овие турбулентни ситуации најпрепорачливо е да се инвестира во злато. Неодамнешното намалување на цената на златото, според него, е можност за идните брачни двојки и нивните семејства да купат накит пред да започне сезоната на свадби. Во Турција има традиција во текот на свадбената церемонија, пријатели и роднини носат злато на подарок.

Атајик смета дека овој сектор забележува мал пад поради коронавирусот, особено затоа што се откажуваат венчавките.

“Експертите предвидуваат дека вирусот ќе се намали со ширење во јуни. Доколку се случи тоа, сезоната на свадби ќе продолжи според планот и ќе му помогне на секторот“, смета Атајик.

Цената на златото во вторникот забележа пораст на 1.569,70 долари за една унца.

loading...