Во овој бран има масовно самолекување од ковид 19, надлежните апелираат дека последиците се фатални

од Берта Китинска

Граѓаните кои се позитивни на Ковид 19, да не прифаќаат лекување во домашни услови, ако за тоа не се изјасни матичниот лекар и задолжително да побараат пишан документ за терапијата и начинот на лекување, апелираа од Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ), по сомнителната смрт на пациент од ковид кој бил лекуван во домашни услови, без консултација на матичен лекар .

Апелот уследи откако, како што информираа, до ДЗСИ добиле претставка од здравствен работник, за починато лице инфицирано со Ковид-19, кое по утврдената дијагноза од матичен лекар, по 14 дена од инфекцијата, дошло во Ковид центар, во многу лоша здравствена состојба и починало на само неколку часа по приемот.

Блиски родини на починатото лице, дале податок дека сега веќе починатото лице било лекувано седум дена во домашни услови со инфузиона терапија и ги навеле точните називи на лековите кои биле давани, а истите ги посочил во писмен допис и здравствениот работник кој извршил прием на пациентката каде починала.

Дека во овој бран има масовно самолекување и освежување со инфузии во домашни услови потврди и директорката на Инфективна,  Милена Стевановиќ, која објасни дека оваа ситуација дополнително ја влошува состојбата.

-Она што во овој бран го забележавме е масовно самолекување на пациенти дома и добивање на инфузии за освежување. Со освежување не се лекува Ковид-19. Тоа е многу погрешно и доаѓаат во многу тешка состојба за прием. Мора соодветен третман, навремено и соодветно следење на болеста идејќи дома никој не знае дали настанала супербактерија или има цитокинска бура, вели др. Стевановиќ.

Слични содржини