Во пад на хеликоптер почина француски пратеник и милијардер

од Vladimir Zorba

Оливие Дасо, француски пратеник и милијардер, наследник на богатството на Дасо, загина во хеликоптерска несреќа на северот на Франција во неделата.

Дасо (69), десноцентристички републикански пратеник, почина во близина на Д во Нормандија, каде што имаше куќа за одмор.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, му оддаде почит на пратеникот на десничарската Републиканска партија, изјавувајќи дека Дасо ја сакал и служел на својата земја.

Според магазинот Форбс, Оливие Дасо поседува околу пет милијарди евра, а неговото семејство важи за едно од најбогатите во Франција.

Дасо (69) бил најстариот син на францускиот милијардер индустријалец Серж Дасо, чија компанија произведува воени авиони „Рафале“ и е сопственик на парискиот весник „Фигаро“, објави Ројтерс.

Тој беше избран за Националното собрание – долниот дом на францускиот парламент – во 2002 година.

Слични содржини