Во Париз почина 16-годишна девојка: Се верува дека е најмладата жртва од коронавирус во Европа

од Nikola Popovski

16-годишната Џули А. е најмладата жртва од коронавирусот во Франција и се верува дека е најмладата жртва од коронавирус во Европа, пренесува АФП.

Џули починала во Париз во четвртокот и е една од вкупно 1696 жртви од коронавирусот во Франција.

Нејзината мајка изјавила за АФП дека девојката имала блага кашлица пред една недела, а исто така имала потешкотии со дишењето во саботата.

Таа била примена во болница каде биле извршени повеќекратни тестови за коронавирус, кои покажале дека е позитивна. Нејзината состојба драматично се влоши за само неколку дена и таа починала во четвртокот.

Џули живеела во град јужно од Париз. Нејзината сестра ги предупредила сите преку медиумите дека вирусот не е опасен само за постарите и болните.

„Од почетокот ни беше кажано дека вирусот не влијае многу врз младите. Ние верувавме во тоа, како и сите други“, изјави нејзината мајка за АФП.

Ули немала здравствени проблеми, ниту страдала од хронични заболувања.

Слични содржини