Во пехчевско-делчевскиот регион огнената стихија достигна во дијаметар од 9 км

од desk4

Во пехчевско-делчевскиот регино, кај селото Умлена огнената стихија достигна во дијаметар од 9км. Уништение се околу 500 хектари борова шума и нискостеблести растенија. Нема повредени луѓе, ниту опожарени куќи. Местното население е евакуирано. Засега нема опасност пожарот да се прошири кон Делчево. Над 250 припадници на армијата, Гранична полиција, вработени во општината и јавните претпријатија веќе трет ден се борат со пламените јазици. Од рано утринава огнот се гаси и од воздух.

-Има единици на армијата, пожарникари, имаме помош и од други градови со цистерни. Доаѓаат три цистерни од бугарија и доброволци. Сите учествувавме во пожарот за да се стави крај. Нема куќи запалено, нема уништено стока. Се надевам дека така ќе остане и наредниот период. Голема благодарност до сите што се вклучени во оваа акција, рече Горан Трајковски, градоначалник на Делчево.

Во меѓувреме пожарот кај кочанското планинско село Костин Дол делумно е локализиран. На терен и понатаму остануваат над стотина војници, пожарникари, доброволци, а на два пати се ангажирани и армиски хеликоптери.

Веќе четрти ден е активен пожарот во месноста Погана во валандовскиот регион. Зафатена е површина од околу 800хектари ниско стеблеста шума. Покрај пожарникари од Валандова, огнената стихија се гаси и со екипи од Неготино, Гевгелија и Богданци. На пожарот ќе дејствуваат и армиски хеликоптери.

Пожарот во село Дренок, општина Ранковце е локализиран, но постои опасност од негово повторно активирање. Од вчера до денес во Дренок се изгорени 14куќи и едно школо.

Вчера во вечерните часови целосно е локализиран и пожарот во Гевргелија , кој доколку навреме не се изгаснеше постоеше опасност да го проголта хотелот Фламинго, а и да се прошири на грчка територија. Изгорени се над 30хектари борова шума, како и едно тешко моторно возило на Гранична полиција.

Слични содржини