ВО ПЕНЗИЈА како милионер: Хабиб доби рекордни пари за последната борба во кариерата!

од Vladimir Zorba

Легендарниот дагестански борец Хабиб Нурмагомедовце ќе биде награден со рекордна сума пари за неговата последна борба во кариерата против Американецот Џастин Геиџи и победата што ја оствари!

Тој ќе земе со себе дури шест милиони долари во пензија, откако тоа му припаѓа според договорот, но и уште 90 илјади долари како бонус за постигнатиот резултат.

Тој собра 50 илјади како награда за „најдобрата борба на вечерта“, а дополнителни 40 илјади ќе земе според „пеј-пер-вју“ за гледање на спектаклот на УФЦ.

Интересно е што минатата година Нурмагомедов заработи шест милиони долари за борбата против Дастин Поире, освен што тогаш не му беа доделени бонуси.

Со оваа сума тој буквално го надмина големиот ривал Конор Мекгрегор, кој собра рекордни 3 милиони долари за мечот со Хабиб, додека Нурмагомедов зеде 2 милиони.

Сепак, Ирецот има далеку попрофитабилни спонзорски договори кои го држат во рангот по заработка со дагестанскиот ас.

Неговиот противник Џастин Гејџи доби „само“ 400 илјади долари за борбата.

Слични содржини