120
Автопатот Демир Капија – Смоквица во понеделник ќе биде официјално пуштен во употреба.
На отворањето како што е најавено ќе присуствуваат евроамбасадорот во земјава Самуел Жбогар, премиерот Зоран Заев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески кои ќе имаат и свои обраќања на настанот.
За време на настанот ќе биде промовирана и кампањата за ЕУ- инвестициите во инфраструктурата во земјава.
Овој дел од автопатот, според планот, требаше да биде завршен до 1 ноември 2017 година.
Инвестицијата во автопатот изнесува 218 милиони евра. Изградбата почна во септември 2012 година од страна на тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ.
Со оваа делница се заокружува со целосно автопатско решение Коридорот 10 на територијата на Македонија.