Во поплавите во Индија загинаа најмалку 125 лица

од Stefanija Kuzmanovska

Во лизгање на земјиште и поплави во Индија загинаа најмалку 125 лица поради обилните монсунски дождови, соопштија денеска властите.

Во делови на западниот брег на Индија паѓаше повеќе дожд од вообичаеното, поради што тие мораа да пренесуваат луѓе од загрозените подрачја за да ја испуштат водата и на тој начин да спречат пукање на браната.

– Околу 90.000 луѓе беа спасени од поплавените подрачја – се наведува во соопштението на локалните власти.

Експертите наведуваат дека индиската држава Махараштра е погодена од најобилните дождови во последните четири децении.

Слични содржини