Во последните 24 часа 160 вонредни настани во Србија

од Vladimir Zorba

Во последното деноноќие во Србија е евидентиран 161 вонреден настан, додека 140 пожарникари-спасувачи работеле на отстранување на последиците од силното невреме, соопшти Секторот за вонредни ситуации на Министерството за внатрешни работи на Србија.

Како што јави денеска РТС, припадниците на таа служба им помагале на граѓаните во завеаните подрачја и возилата кои излетале од патот или биле покриени со снег.

Без струја останаа некои домаќинства на територијата на Чачак, Лучан, Нови Пазар.

Во текот на ноќта жителите се евакуирани на патот Сјеница – Нови Пазар, во градот Брњица.

Сообраќајот на патниот правец Нови Пазар – Сјеница и Рашка – Голија се уште е во прекин поради наноси од снег создадени од ветерот, а една коловозна лента е расчистена на делницата Дуга полјана – Брњица.

Слични содржини