Во последните 24 часа во Хрватска дури 1.131 нов случај на корона

од Stefanija Kuzmanovska

Во Хрватска повторно е срушен нов рекорд во бројот на новозаразени, пренесува телевизијата Н1, која штотуку објави дека според последните податоци имало дури 1.131 во последните 24 часа.

Ова е трет ден по ред како Хрватска соборува рекорди – во средата имаше 748, а во четвртокот 793 нови случаи.

Нов извештај од Националниот штаб за цивилна заштита се очекува околу 10 часот.

Во последните 24 часа, во Загреб се евидентирани 231 нов случај на заразени со корона, изјави за Н1 директорот на Наставниот институт за јавно здравје, Звономир Шостар. Ова е најголем број на заразени лица во главниот град за еден ден од почетокот на епидемијата.

898 лица се во самоизолација.

Слични содржини