Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани 60 новозаразени со коронавирус

од Stefanija Kuzmanovska

Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани 60 новозаразени лица со коронавирусот, објави денеска Институтот за јавно здравје, пишува „Србија данас“.

Беа анализирани 511 примероци за новиот коронавирус, а новооткриените случаи беа 37 од Подгорица, пет од Петњица, четири од Тиват и Улцињ, три од Рожаје, двајца од Бјело Поjeе, Будва и Беране, и еден од Цетиње.

„Од 60 новооткриени случаи, 30 се контакти на претходно потврдени случаи, додека кај исто толку пациенти се бара изворот на инфекцијата“, се наведува во соопштението.

Од почетокот на јуни, вкупниот број регистрирани случаи е 517, има пет смртни случаи, а бројот на активни случаи е 512.

Слични содржини