Во последните денови од предизборната кампања Тереза ​​Меј ќе се обиде да го пренасочи вниманието кон Брегзит

од Vladimir Zorba

Во последните неколку дена на изборната кампања британскиот премиер Тереза ​​Меј ќе се обиде да го насочи вниманието повторно кон Брегзит претставувајќи мерките за зголемување на меѓународната трговија, пишува The Independent.

Меј ќе ги изложи своите планови за создавање на “трговски борд”, чии членови ќе водат делегации од британски бизнисмени во светот во потрага по нови можности. Учесниците во одборот ќе бидат водечки личности од светската политика и бизнис.

Покрај тоа, премиерот ќе го обнови своето ветување за нова мрежа од трговски комесари. Нивната задача ќе биде да живеат и работат на места каде што можностите за нова трговија се најголеми. Исто така, тие ќе треба да ги промовираат британските производи.

По терористичкиот напад во Лондон кон крајот на минатата недела во предизборната кампања доминантна тема беа прашањата за безбедноста. Но 48 часа пред отворањето на избирачките места со ветувања Меј ќе се обиде да го насочи вниманието на јавноста кон својата силна страна: прашањата за заминувањето на Европската унија.

Слични содржини