Во последното деноноќие пријавени вкупно 1.000 пациенти кои се лекуваат од Ковид 19

Во рамки на последното деноноќие во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1.000 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид 19.
Според информациите на Министерството за здравство,  вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.687 и има околу 340 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 73 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 687 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Како што соопшти Министерството за здравство, во последното деноноќие на Интерните и хируршки клиники имало 26 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ во Скопје имало 18 примени пациенти и 16 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени двајца нови болни и 9 пациенти биле примени на Клиниката за детски болести. На Институтот за физикална медицина не се примени  пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 67 оздравени пациенти.

Слични содржини