Во потрага по колективен имунитет: Москва започнува со масовен скрининг на населението

од Nikola Popovski

Москва, епицентарот на новата епидемија на коронавирус во Русија, во четвртокот го објави започнувањето на кампањата за масовно тестирање за да се утврди вистинското ниво на инфекција и присуството на антитела кај населението.

„Од петок, 70.000 жители на главниот град ќе бидат избрани по случаен избор секој трет ден за тоа истражување, уникатно во светот“, рече градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин за една локална телевизија.

„Во секој даден момент, ќе знаеме точно колку московјани се заразени со коронавирусот, а колку имаат развиен имунитет. И што е најважно, која е вистинската динамика на ширењето на болеста“, додал градоначалникот на својот блог.

Неговиот заменик за социјални прашања, Анастасија Ракова, прецизирала дека со кампањата се обидува да се открие присуството на антитела, што е клучен елемент за постигнување „колективен имунитет“.

Резултатите потоа ќе му бидат соопштени на секое лице со медицински препораки, а глобалните резултати од истражувањето ќе бидат објавени и земени во предвид кога ќе се донесе одлука за олеснување на рестриктивните мерки што се во сила во Москва до 31 мај.

Русија е втора земја во светот во однос на бројот на заразени. Има над 250.000 и 2.300 смртни случаи.

Слични содржини