Во преден план бујното деколте без градник, но сите зборуваат за фармерките на Ирина Шајк (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Манекенката Ирина Шајк (35) прошета по улиците на Њујорк возејќи ја својата ќерка во количка.

Руската манекенка го привлече вниманието на минувачите со интересен црн топ со асиметричен шлиц на градите и го поттикна прашањето дали има градник под него, но победник на денот беа нејзините таканаречени „танга фармерки“ од дизајнерката Каси Кадваладер.

Со неа беше нејзината ќерка Леа Ди Сена, која ја доби со актерот и режисер Бредли Купер.

Деновиве беше фотографирана и со него, додека кружат гласини дека го завела раперот Канје Вест и сите се прашуваат дали ќе се појави заедно во јавност.

Слични содржини