Во првите 10 месеци од 2022 година во ТИРЗ отворени над 2.000 нови работни места

од Vladimir Zorba

Во првите десет месеци од годинава во компаниите во ТИРЗ се отворени над 2000 нови работни места, а бројот на вработени за првпат се искачи над 16.000. Ова е зголемување за 16% за една година покажува редовната месечна анализа. Само во октомври се отворени речиси 500 нови работни места.

Позитивниот тренд на раст од почетокот на годинава продолжува и во однос на извозот и увозот. Заклучно со октомври извозот од ТИРЗ порасна на 3,122 милијарди евра, со што го надмина минатогодишното ниво на извоз од 3 милијарди евра за една година што беше рекордно ниво досега од постоењето на Зоните. Анализата покажува дека извозот во првите десет месеци од годинава е за 26% повисок од 2021, односно за 50% повисок споредено со истиот период во 2020.

Од јануари до октомври 2022 година регистриран е увоз од 2,806 милијарди евра што е за 15% повеќе во однос првите десет месеци од 2021, односно за 43% споредено со 2020. Заклучно со октомври и нето извозот е 11,25%, што меѓу другото се должи на зголемените инвестициски активности во Зоните и зголемениот број на работни места.

Според анализата, позитивните економски движења се резултат од ефектите од новиот концепт на ТИРЗ, а се очекува ваквиот позитивен тренд да продолжи до крајот на годинава. Од почетокот на спроведувањето на овој концепт, во изминативе 20 месеци се постигнати договори од над 620 милиони евра а истите треба да донесат над 5000 нови работни места.

Слични содржини