Во пукање пред бар во Синсинати повредени девет лица

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку девет лица се ранети во пукање пред бар во Синсинати, соопшти денеска полицијата.

Повеќето од жртвите претрпеле полесни повреди, изјави потполковникот Мајк Џон од полицијата во Синсинати, пренесе АП.

Полицаец пукал во осомничениот кој побегнал од местото на настанот, но се уште не се знае дали осомничениот бил погоден.

Слични содржини