Во Пустец одбележано чествувањето на „Св. Архангел Михаил“

Вчера во Пустец, Мала Преспа беше одбележат патрониот празник на црквата „Свети Архангел Михаил“, кого го сметаат за свој заштитник.

Во црквата, утринската свечена богослужба ја отслужи свештенкот Алексо Темелко. На церемонијата беше и Васил Стерјовски, лидер на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ и пратеник во албанскиот Парламент.

„Редовно сум тука со моите Македонци за овој голем празник. За многу години Св.Архангел Михаил – водач на небесните сили, чувар на сите болни и заштитник на Македонците во Пустец. Посакувам здравје и среќа на сите, а се трудам во рамки на моите можности да се смени нешто на подобро во областа“, вели Стерјовски.

Стерјовски посочи дека тој секогаш е со и до Македонците каде и да живеат, Мала Преспа, Гора, Голо Брдо, Тирана, Елбасан и насекаде во Албанија и прави се да ги актуелизира сите нивни проблеми.

Слични содржини