Во раните утрински часови Собранието ја разреши Мизрахи

од Берта Китинска

Во раните утрински часови Собранието ја разреши министерката Раше Мизрахи. Со 62 гласа „За“ и 26 „Против“ пратениците во 03:50 го прифатија предлогот на техничкиот премиер Оливер Спасовски за разрешување на Мизрахи од ресорот труд и социјална политика, бидејќи не прифати да ја промени таблата на која стои името Република Македонија.

-Уште не влезена во Министерството како прва Еврејка во историјата на Македонија назначена за министер во Влада бев мета на антисемитски напади од лица кои ниту бираат средства, ниту начин, ниту зборови. Па наместо да ја критикуваат мојата работа, ја критикуваа мојата верска и национална припадност и ме обележаа со жолта ѕвезда, истакна Мизрахи за чие разрешување вечерва дискутираа пратениците.

-Никогаш не сум прекршила ни Устав, ни закон. Баба ми Ризова Трајанка била член на партизанската бригада ‘Добри Даскаловски’ која крварела за слободата на Република Македонија. Јас сум Рашела Мизрахи, горда Еврејка од Македонија! Благодарам, заврши Мизрахи.

Слични содржини