Во Романија нов рекорд: Заразени 1.356 лица за еден ден

од Aleksandar Petrovski

Во Романија 1.356 лица се разболеле од коронавирусот во последните 24 часа, што е нов рекорд по бројот на нови случаи за еден ден, објавија денеска официјалните лица.

Како што се наведува, станува збор за случаи кои претходно немале позитивен тест, пренесува агенцијата „Аџерпрес“.

Од последниот пресек, починаа уште 35 лица, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 2.304.

Се додава дека сите починати биле пациенти кои имале други здравствени проблеми.

Хоспитализирани се вкупно 7.265 лица, од кои 402 се на одделението на интензивна нега.

Романија има најлоша состојба во регионот од почетокот на епидемијата, со 49.591 случаи и 2.304 смртни случаи.

Слични содржини