Во Русија најмногу починати во еден ден од почетокот на епидемијата

од Vladimir Zorba

Во Русија, 799 лица починаа од Ковид-19 во последните 24 часа, најмногу во текот на еден ден од почетокот на епидемијата на коронавирус.

Бројот на лица заразени со коронавирус во Русија е зголемен за 25.704 во изминатите 24 часа, објави тамошниот кризен штаб.

Од почетокот на епидемијата, 5.907.999 лица се заразени со коронавирус, а вкупно починале 146.868 лица, пренесе ТАСС.

Регистрирани се 5.382 нови случаи на зразени во Москва.

Во моментов се лекуваат 460.223 лица, а вкупно се опоравиле 5.300.908 лица.

Слични содржини