Во Русија нов рекорд – 17.347 заразени

од Stefanija Kuzmanovska

Рекордни 17.347 случаи на коронавирус се пријавени во Русија во последните 24 часа, од кои скоро третина се во Москва. Во истиот период, 219 лица починале како резултат на вирусот.

Од почетокот на пандемијата во Русија, вирусот Ковид 19 заразил 1.531.224 и убил 26.269 лица.

Според центарот за борба против коронавирусот, бројот на нови случаи на коронавирус во Москва се зголемил за 5.224, што го зголеми вкупниот број на заразени на 401.040, пренесува ТАСС.

Во изминатите 24 часа беа забележани 62 смртни случаи во главниот град на Русија.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска пред новинарите изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е целосно информиран за тешката состојба во врска со коронавирусот во Русија.

Тој посочи дека пандемијата ги погодила регионите и се проширила источно од Москва и оцени дека ситуацијата во Русија е доста тешка.

Властите велат дека Русија има доволно кревети и лекови за борба против вториот бран на коронавирус, пренесува Ројтерс.

Според наводите, повикувајќи се на наводите на руските медиуми, одредени региони се борат со притисокот врз здравствениот систем.

На прашањето како да се контролира ситуацијата, Песков рече дека, пред сè, тоа значи контрола над здравствениот капацитет, бројот на болнички кревети, снабдувањето со лекови и заштитата на лицата.

 

Слични содржини