Во Русија покрената истрага поради загадување река со етил-алкохол

од Vladimir Zorba

Руските власти поднесоа кривична пријава поради загадување на една река со етил-алкохол, во количини дури 5.400 пари повисоки од законски лимити.

Тоа е само еден од неколкуте елементи во загадената река Новаја во близина на Санкт Петербург.

Освен етил-алкохол пронајдено е високо ниво на бутил-алкохол, изопропанол и ацетон, како и етилен-гликол. Тоа се запалливи хемикалии што може да бидат токсични, а се користат како разредувачи и како антифриз.

Граѓани претходно пријавувале дека реката Новаја смрди и во неа има мртви риби и диви патки. Властите неодамна поднесоа пријава против аеродромот Пулково поради испуштање отпадна вода во блиски реки и канали.

Слични содржини