Во Русија повеќе од 10,000 заразени со коронавирус

од Vladimir Zorba

Русија забележа рекордно зголемување на бројот на нови заразени со коронавирус во последните 24 часа, при што повеќе од 10,000 се и официјално со КОВИД-19, еден ден откако претседателот Владимир Путин рече дека следната недела ќе биде пресудна во борбата против ширењето на вирусот.

Бројот на потврдени заразени лица е зголемен за 1.459, а уште 13 се починати, објави сенес на својата веб-страница Националниот кризен центар за коронавирус. Вкупниот број на загинати е 76.

Москва, најтешко погодениот регион и многу други региони, се во делумна изолација веќе втора недела. На граѓаните им беше речено да останат дома и само да излегуваат да купат храна или да одат на лекар.

Бројот на заразени во Русија започна да се зголемува брзо овој месец и вирусот сега се шири далеку надвор од жариштето во Москва.

До крајот на минатиот месец, руските власти соопштија дека ситуацијата е под контрола и нема епидемија.

Нивниот тон се смени откако градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин ја доведе во прашање вистинитоста на официјалните податоци и тврди дека реалната состојба е далеку полоша отколку што изгледа.

Путин (67) им рече на гувернерите на регионите својот одговор да го прилагодат на нивните локални потреби. Некои го критикуваат дека не зазел доволно одлучувачка позиција во кризата.

Кремљ ги отфрла критиките, објаснувајќи дека заради големината на земјата, најголемата во светот, има смисла да им се даде на регионалните лидери простор за да одлучат кои мерки се најсоодветни.

Во средата, Путин по трет пат зборуваше на телевизија за кризата, презентирајќи економски мерки за да им помогне на бизнисите погодени од изолацијата.

Слични содржини