Во САД досега вакцинирани скоро 125 милиони граѓани

од Stefanija Kuzmanovska

Досега во САД се вакцинирани 124,481,412 лица, објави Американскиот центар за превенција и контрола на болести.

Центарот наведува дека Американците биле вакцинирани со вакцините на компаниите „Модерна“, „Фајзер“ и „Бајонтек“ и „Џонсон и Џонсон“.

Истиот извор наведува дека 81,415,769 луѓе примиле безбедно една доза, додека 44,141,228 ја примиле и втората доза.

Исто така, досега 7,662,913 милиони луѓе се вакцинирани во домови за стари лица и изнемоштени лица.

Слични содржини