Во САД прв случај на ширење на вирусот во заедница: Не патувала во ризичните земји, ниту била во контакт со заболени!

од Aleksandar Petrovski

Центарот за контрола и превенција на болести во САД потврди инфекција со новиот коронавирус во Калифорнија, и тоа означува прво американско лице што е заразено со вирусот и покрај тоа што неодамна не посетило странска земја или не било во контакт со заразен пациент.

– Во моментов, изложеноста на пациентот е непозната…Сепак, можно е дека пациентот бил изложен на вратен патник кој бил заразен, соопшти претставник на Центарот.

Со тоа – бројот на потврдени случаи на Американци со коронавирус изнесува 60, при што 12 од нив се поврзани со патувања надвор од земјата, а два се зарази преку директен контакт со пациент. Три лица се регистрирани од Кина, а уште 42 Американци од крузерот Дајмонд принцес што беше ставен во карантин во Јапонија.

Слични содржини