Во САД се урна мост неколку часа пред посетата на Бајден (ВИДЕО)

од Milan1

Поради тежината од снегот се урнал мост во Питсбург, САД, пренесуваат американските медиуми.

Како што пренесуваат медиумите, во воздухот се чувствува мирис на гас, па на жителите од околните згради им е речено да го напуштат тоа подрачје.

За сега се верува дека нема жртви, но четири возила паднале од мостот, а уште едно возило опасно виси на работ.

Како што јавија американските медиуми, информациите штотуку пристигнуваат од терен, а се очекува и председателот на САД, Џо Бајден да стигне на местото на несреќата.

Слични содржини